Креативна документаристика

Докуникулците на „МакеДокс“ снимаат два документарни филма

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ извести за снимањето на два документарни филма во рамките на проектот „Докуникулци“. Комплетната реализација на доку-филмовите „Поинакви“ и „Поглед во очите“ им е доверена на младите учесници на работилницата „Докуникулци“ со техничка поддршка од сениорската екипа на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“.

Конципиран како работилница за креативен документарен филм, наменета за млади доку-љубители, проектот „Докуникулци“ се одвива во повеќе фази. Првата фаза се одржа за време на Патувачкото кино на „МакеДокс“ од 12 до 25 јули во Порече, каде десет млади филмофили од Скопје, Прилеп и Битола, се приклучија на сениорската екипа на „МакеДокс“ и со менторска настава се запознаа со основите на креативната документаристика и вештините на снимањето документарен филм.

За време на Патувачкото кино беше направен ’пичинг‘ на темите кои би се обработувале во документарен филм и селекција на насловите за снимање. Втората фаза се одржа за време на осмото издание на „МакеДокс“ (19-25 август) во Скопје, каде ’докуникулците‘ беа дел од фестивалската екипа. Третата фаза од проектот го опфаќа снимањето на два креативни документарни филма.

Почнувајќи од 01 декември до 03 декември во Скопје и Велес се снимаше документарниот филм со работен наслов „Поинакви“ во режија на Розе Симоновска. Во снимањето на филмот се вклучени и Леа Димитрова како продуцент, Петар Крстевски и Бисера Атанасова работат со камерата, за звукот е одговорен Давид Стојановски, додека монтажата ќе биде на Петар Крстевски.

Во текот на оваа недела ќе се реализира снимањето и на документарниот филм „Поглед во очите“ во режија на Јоана Арсовска, како продуценти работат Јоана Арсовска, Матеа Козовски и Севдалина Дамевска, зад камерата ќе бидат Матеа Козовски и Давид Стојановски, со звукот ќе оперираат Матеа Козовски и Стефан Божиновски, додека на монтажата на филмот ќе работат Леа Димитрова и Бисера Атанасова.

Филмовите опфаќаат несекојдневни живони приказни и ситуации за неколку индивидуи видени со очите на млади луѓе, кои горат од желба да снимаат документарни филмови. Снимањето на филмовите се одвива со менторство и поддршка од сениорската екипа на „МакеДокс“. Следната фаза на „Докуникулци“ ќе ја опфати монтажата и постпродукцијата на снимениот материјал. Премиерата на документарните филмови ќе се одржи на следното фестивалско издание на „МакеДокс“ во 2018 година.

Работилницата за креативен документарен филм „Докуникулци“ се реализира со поддршка од Националната фондација за демократија од Вашингтон.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе