Кино

Документарниот филм „Хитлеровиот Холивуд“ од 7-ми декември се прикажува во домашните киносали

Филмот „Хитлеровиот Холивуд“ режиран од Рудигер Сухсланд ја раскажува приказната за еден од најважните и драматични периоди во историјата на германското кино, односно за германската кинематографија во ерата на пропагандата 1933-1945.

Филмот „Хитлеровиот Холивуд“ го поставува прашањето како овие филмови, вклучувајќи ги и нивните митови, нивните приказни, нивните отворени лаги и скриените вистини, влијаеле и влијаат врз иднината на историјата на германското кино? Киното на Третиот Рајх било строго контролирана индустрија, предмет на строга политичка и културна цензура. Истовремено, се стремело да биде „големо кино“; идеолошка и естетска алтернатива на Холивуд. Германска фабрика за соништа. Меѓу другото, го продуцира и нацистичкиот блокбастер „Минхојзен“, по барање на Јозеф Гебелс. Оваа индустрија го воспоставува системот на ѕвезди во филмскиот свет и се служи со најновите маркетинг алатки.

Околу 1.000 играни филмови биле произведени во Германија помеѓу 1933 и 1945 година, а само неколку биле отворено нацистички пропагандни филмови. Во филмот ги гледаме овие филмови и луѓето зад нив. Како преку екраните успеале да бидат засадени во главите на гледачите стереотипите на „непријателот“ и вредностите за љубовта и омразата. Рудигер Сухсланд е и автор на сценариото.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе