Документарни филмови во Кинотека

По повод 57 годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотеката на Македонија и Македонскиот центар за фотографија премиерно ќе ги прикажат два документарни филмови: „Првата светска војна, сеќавања" (WW1 REMEMBERING) на авторот Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени" (Surviving Memories) на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.

На проекцијата ќе се обрати амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Зутер Техада (Sybille Suter Tejada).

 „Првата светска војна, сеќавања" е посветен на македонскиот фронт и на жртвите од Првата светска војна. Филмот е сниман во Македонија, Србија и Швајцарија, а финансиски е поддржан од амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Филмот „Преживеани спомени" е дел од проектот „Фотографијата сведок или жртва" реализиран од страна на МЦФ во 2014 година во кој осум наши сограѓани, евоцираат спомени како го преживеале земјотресот од 1963 година и што е она што засекогаш ќе го паметат од тоа летно утро. Филмот е направен како дел од покомплексна уметничка инсталација и за прв пат се проектира надвор од поставката. Овој проект беше финансиран од Амбасадата на Холандија во Македонија.

 Проекциите ќе се одвиваат со почитување на мерките за заштита од ковид-19.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе