Брисел

Документарецот „Македонскиот Дон Кихот” дел од фестивалот „Балкан трафик”

Документарниот филм „Македонскиот Дон Кихот“ во режија на Константин Плевнеш е дел од официјалната програма на годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, кој ќе се одржува од денеска до 24 април во Брисел. Филмот е во продукција на ЕФА, а со поддршка на Агенцијата за филм. Посветен е на еден од најголемите македонски сликари, Владимир Георгиевски (1942-2017).

На годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, филмот ќе се најде во придружба на значајни имиња од балканскиот културен простор во претсолнината на Европа.

Во програмата се наоѓа и Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов, а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како „Град на културата на Европа за 2021 година”.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе