Велес

Диме Илиев ја доби наградата за животно дело „Петре Прличко” за 2019

Актерот Диме Илиев од Драмскиот театар-Скопје кој од неодамна е во пензија, годинава е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко" што ја доделува општина Велес.

Диме Илиев одиграл над 150 театарски улоги од кои поголем дел главни, осум улоги на филм, 18 телевизиски и 200 радиодрамски улоги. Наградата „Петре Прличко” е востановена во 2006 година.

Претседателот на жирито за доделување на наградата „Петре Прличко” за 2019, Сашо Димоски, соопшти дека  во конкуренција биле четворица актери и дека жирито едногласно ја донело одлуката добитник да биде 67-годишниот Диме Илиев.

Илиев е добитник и на голем број награди, почнувајќи од 1977 кога ја добил Наградата за најдобар млад актер за улогата на Младичот во „Црнила”, до наградата Актер на годината во 2015 што му ја додели „Дневник”.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе