„Девојката со жиците“ на „Подвижен музички театар“-Битола вечер премиерно во Љубљана

Во словенечкиот главен град Љубљана, вечер во рамки на 5. меѓународен Драма фестивал, премиерно ќе биде изведена драмската опера „Девојката со жиците", на „Подвижен музички театар" –Битола (Moving Music Theatre-Bitola).

Станува збор за копродукциски проект на Словенечкиот националниот театар, СНГ-Љубљана и „Подвижен музички театар“, ММТ-Битола, во режија на битолчанецот Марјан Неќак, кој во проектот соработува со текстописецот Ана Бунтеска, Дарја Доминуш-преведувач и драматург, Наташа Филиповиќ костимограф, како и со фотографот Петер Ухар.

- Се работи за драмска опера за една виолинистка, која патува со воз низ Европа трагајќи по подобро утре. Метафоричниот и драматичен музички резултат лесно се движи низ повеќе жанрови од рок, поп, електронска музика со длабоки чувства на циркуски звук до опера како кулминирачка точка на емоции и интерпретации на двајца соло изведувачи. Во драмската опера, чија подготовка ја помогна „Еуростандард“-Скопје, ќе настапат Барбара Церар и Урош Фурст, а кореограф е Жиган Крајчар, изјави за МИА, режисерот и композитор Марјан Неќак.

Драма операта „Девојката со жиците“ на „Подвижен театар“-Битола ќе биде изведена и во наредните два дена во Љубљана. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе