Во Кинотека

Денови на современ мексикански филм од 21 до 25 јуни

Филмови од поновата мексиканска продукција ќе бидат прикажани во рамки на Деновите на современ мексикански филм, што од 21 до 25 јуни ќе се прикажуваат во Кинотека.

Публиката ќе може да ги погледне филмовите „Не е виновно детето" според сценарио и режија на Густаво Лоза, „Почетокот на времето" во режија и според сценарио на Бернардо Арелано, „Генерација Спилберг" според сценарио и режија на Хибран Базан, „Кога ќе се вратат децата" во режија на Хуго Лара и „Товар" во режија на Алан Хонсон.

Програмата се реализира со поддршка на Амбасадата на Мексико во Белград, во соработка со Кинотеката.

Влезот за проекциите е бесплатен. Повеќе информации за филмовите може да се прочитаат на веб-страницата на Кинотека kinoteka.mk .

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе