Денови на квир-кино на Скопје филм фестивал

Програмата „Денови на квир-кино" на Скопје филм фестивал е и дел од проектот Млади артивисти за промена поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

Ова програма е дел и од „Stiching art. 1“ и Меѓународниот квир и мигрантски филмски фестивал од Амстердам во соработка со Скопје филм фестивал. На отворањето синоќа присуствуваа и Крис Белони, директор на фестивалот. Во реализацијата на програмата учествуваа Женска алијанса, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Субверзивен фронт.

„Среќни сме што оваа програма е дел  од Скопје филм фестивал како добро познат и етаблиран фестивал и на овој начин ја испраќаме пораката до пошироката заедница. Ја поддржуваме оваа програма, која е дел од поголем културен проект и во кој се вклучени различни организации за човекови права. Културата е одличен начин да се види светот низ очите на другиот, да се гледа  светот низ очите на уметниците. Холандија има силна политика на поддршка на човековите права вклучувајќи ги и правата на ЛГБТИ заедницата и во таа смисла, одлично е што фестивалот од Амстердам започна соработка со фестивало и организациите од овде“, рече Андри ван Менс, заменик амбасадор на Кралството Холандија, кој ги отвори „Деновите на квир кино“.

Фестивалската програма „Денови на квир кино“  започна со проекцијата на филмот „Потреси“ на режисерот Џеиро Бустаманте, добитник на Сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал. Во рамки на програмата ќе бидат прикажани уште „Грета“, „Кратка приказна од Зелената планета“ и шведскиот документарен филм „Грета“.

http://www.skopjefilmfestival.com.mk/

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе