Денеска завршува 10. Филозофски филмски фестивал

Денеска завршува 10. Филозофски филмски фестивал, кој од 21-ви мај се одржува под мотото „Идеи, светови“.

Годинашното издание на Фестивалот се одвива онлајн поради ковид кризата.

Како што информираат од Филозофското друштво на Македонија, сите филмови, до 24 часот денеска, може да се погледнат бесплатно во виртуелната кино сала на македонската VoD платформа Cinesquare.

Документарниот филм за „таткото на концептуализмот“ – Марсел Дишан. „Уметноста на возможното“ може да се погледне бесплатно. Краток вовед за филмот и за значењето на уметноста на XX век на Дишан може да се погледне на видео-записот од професорот Кирил Трајчев

Фестивалот ќе биде затворен вечерва со онлајн концерт на Ема Попивода со ACOUSTIC ELECTRONICS, а ќе бидат прикажани победничките кратки филмови „Осло“ на Шејди Сроу – „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм на ФФФ 2020 и „Розево Ветување“ на Софи Линенбаум – Специјално признание „Стефан Сидовски – Сидо“.

ФФФ Пролетните онлјан миграции“ се плод на солидарно партнерство меѓу Филозофскиот Филмски Фестивал (организиран од страна на Филозофското друштво на Македонија), Кинотеката на С. Македонија и македонската VoD платформа Cinesquare, со институционална поддршка на Град Скопје, како и неколку други поддржувачи, соработници, пријатели и вљубеници во филмот и филозофијата

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе