Дејан Ангелов е селектиран во програмата за програмата за Светскиот ден на театарот

Театарскиот режисер Дејан Ангелов, како претставник од Македонија е селектиран да учествува на онлајн програмата „Emerging Artist Participating in the 2022 World Theatre Day Celebration", која ќе се одржи на 27 март по повод 60 години од Светскиот ден на театарот. Програмата е иницирана и организирана од тимот на Германскиот центар ITI и International Theater Institute UNESCO, во Париз/Шангај.

Координатор за нашата држава е Македонскиот центар ИТИ/продукција.

Дејан Ангелов е роден на 9 март 1991 година. Основно, средно и високо образование завршува во родниот град Струмица. По дипломирањето на Универзитетот ФОН во родниот град, започнува да работи во насока да ја реализира својата најсилна страст, желбата да се занимава со театар.

Во 2015 година конкурира во НАТФИЗ „Крсто Сарафов" – Софија во Бугарија, отсек театарска рeжија и е примен во класата на проф.Маргарита Младенова.

Во вториот семестар од втората година на студиите решава своите знаења за театар да ги прошири. Користејќи ја можноста која му се нуди преку „Еразмус +" стипедниите заминува во академијата за
драмски уметности во Загреб. Таму еден семестар студира како дел од класата на проф. Озрен Прохич. Својот престој во Загреб го заокружува со успешна премиера на претставата „ Dies irae" текст на македонската авторка Жанина Мирчевска на сцената на учебниот театар во академијата.

Претставата е оценета со највисока оценка. Се враќа во НАТФИЗ „Крсто Сарафов" каде што го продолжува своето студирање уште две години се до неговото дипломирање во 2018 година со претставата „ Иванов" текст на А.П. Чехов.

По дипломирањето заминува повторно во странство како стипендист во Вилниус, Литванија, каде присуствува на пробите на класата на големиот литвански режисер Оскарас Куршоновас.
По враќањето од Литванија конкурира на конкурсот „Млад режисер" што го објавува секоја година НАТФИЗ „Крсто Сарафов" предвидено за дипломирани режисери од нивната академиja, и во една доста сериозна конкуреција успева да го освои. Таму во 2019 година ја реализира претставата „Три сестри" од А.П. Чехов што е дел од репертоарот на театарот на академијата.

Последен проект којшто скоро доживеа и премиера беше монодрамта од бугарскиот писател и режисер Јордан Славејков „Викториja" во театарот Антон Панов – Струмица повторно во продукција на невладината организација за култура „Tранзен".

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе