По кривичната пријава за дистрибуцијата на „Ослободување на Скопје“

Данило Шербеџија: Тозија имаше дозвола за продажба на филмот, Насков: Тоа не е точно

Непријатно сум изненаден од кривичната пријава на Насков, ако е тоа вистина. Немаше никаква продажба на правата на филмот без негово знаење, вели во изјавата за МКД.мк Данило Шербеџија, режисерот на филмот „Ослободување на Скопје“, по написот дека Горјан Тозија без дозвола го продал филмот и го оштетил буџетот на Македонија. За оваа изјава на Шербеџија продуцентот на филмот Роберт Насков вели дека за такво нешто никогаш немало ни писмена, ниту пак усна дозвола. 

Во февруари годинава главниот продуцент на филмот „Ослободување на Скопје“ ДФВП „Партизанс“ поднесе кривична пријата против Горјан Тозија, директорот на Агенцијата за филм на Македонија, за недозволена дистрибуција на филмот. Тозија потпишал договор како застапник на автирските права за филмот за негова дистрибуција без никаква дозвола од главниот продуцент (со 69%) на филмот,

Режисер на филмот е Данило Шербеџија, син на Раде Шербеџија, кој се јавува и како режисер и како сценарист.

Во изјавата за МКД.мк Данило Шербеџија вели дека сѐ било договорено на состанокот во хотелот Вест ин во Загреб.

„На тој состанок бевме присутни јас, Насков, Тозија, Нола и Раде. Имаше долгови кон Раде, Нола и Тозија, па затоа беше договорено да се проба филмот да се продаде. Тоа е направено со благослов на Насков. Речиси целата Оскар кампања (пат до Лос Анџелес, сместување и другите трошоци, како и подготовките за снимање, патување во Скопје...) ги покри МП-продукција. И нормално е дека парите требаше да им се вратат преку продажбата. И мене продукцијата ми остана должна, но тоа е помал износ, па прејдов преку тоа. Насков ми напиша дека парите се потрошени за долгот што ги имал за сценографијата. Тоа е сѐ што знам за ова“, изјави Данило Шербеџија.

Насков го тврди токму спротивното.

„Не се точни тврдењата на Данило Шербеџија дека со мој благослов е дадена дозвола за продажба на филмот „Ослободување на Скопје”. Никогаш, ниту писмено ниту усно, никого не сум овластил во мое или во име на ДФВП „Партизанс“ да го продава филмот „Ослободување на Скопје”. Доказ за тоа се мејловите што во неколку наврати ги упатив до сите продуценти, во кои барам одговор за продажбата на филмот. Дека филмот е продаден првпат дознав од сајтот на Агенцијата за филм, што укажува на тоа дека Горјан Тозија знаел за продажбата, бидејќи таа информација не ја добил од македонскиот продуцент ДФВП „Партизанс“. Содржината и условите на преддоговорот потпишан од страна на Горјан Тозија и договорот потпишан од страна на Игор А. Нола, во име на сите продуценти на филмот, првпат ја видов откако по мое барање беа доставени од страна на Самерсајд интл. од Италија, фирмата со која е потпишан договор за продажба на филмот „Ослободување на Скопје”. Исто така, не е точно дека скоро целокупната оскаровска кампања за филмот е покриена од страна на MП-продукција, бидејќи трошоците ги покри Агенцијата за филм на Македонија, за што постои извештај и уредна документација“, вели Насков.

За други злоупотреби во Агенцијата за филм, Државната комисија за спречување на корупцијата веќе води неколку предмети.

А.Д.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе