Лоша година за театарот „Војдан Чернодрински“

Дамчески: Пандемијата нѝ ги урна плановите, а за нов театар во Прилеп уште нема абер

Пандемијата ќе остави долгорочни последици на театарската уметност, вели Стојан Дамчески, раководител на Народниот театар „Војдан Чернодрински" во Прилеп. Театарот 2020 година ја почна со јубилеј - 70 години постоење, со огромни надежи и очекувања и планирани претстави... а за нов театар слушаме со години и веќе некако, „оглувевме", зашто досега ниту една влада не донесе одлука за изградба на нов објект, нагласува Дамчевски.

Teaтарот во февруари го прослави јубилејот – 70 години од постоењето со премиерна претстава („Лажговци" во режија на Коле Ангеловски) и со „Цела недела театар" и публиката очекуваше цела година да ужива во нови претстави, како и на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински", но пандемијата ги урна сите очекувања за театарската уметност. Од трите планирани претстави се одигра само една – „Каменот", есеноска, со сите претпазливости и со две изведби со по десетина гледачи. Судбината на другите две претстави останува неизвесна.

„Културата, а главно театарската уметност, со пандемијата претпре огромни штети и несогледливи последици. Да беше во прашање само 2020 година, во ред, ќе препродевме, но сѐ уште не се знае за кого ќе правиме претстави, дали во догледно време ќе има публика. А од неа и за неа опстојуваме. За театарот, основно е доживувањето во живо, па како што стојат состојбите, ништо не се знае. Последиците ќе бидат долготрајни", вели Дамчески.

За 2021 година до Министерството за култура имаат предлог-програма за четири премиерни претстави. А што се однесува до МТФ „Војдан Чернодрински", изданието што не се одржа годинава, палнирано е да биде догодина во редовниот термин, во јуни. Но пак е со одредена резервираност.

„Имаме програма за 2021 година. планирани се четири премиерни претстави. од друга страна годинава неодржаното јубилејно издние, 55-то, на МТФ „Војдан Чернодрински" ќе го одбележиме во редовниот термин во јуни. Таков е планот", објаснува Дамчески.

Прилеп сѐ уште чека прва конкретност кога станува збор за нов театар. Најавуван со години, засега нема никаква реалност иако се правеа проекти, се споменуваа можности новиот театар да биде дел од објектот на Домот на културата „Марко Цепенков". Дамчески вели дека досега ниту една влада нема донесено одлука за изградба на нов театар. Премиерот Зоран Заев неодамна, при посетата на Прилеп, најави дека на посебна сметка на Општината ќе бидат префрлени 4,5 милиони денари за главен проект.

„За нов театар слушаме со години. Веќе, некако, „оглувевме". Досега ниту една влада не донела одлука за изградба на нов театар. Тоа не носи охрабрување. Носењето одлука може да ги официјализира работите, а не само да се најавува", вели Дамчески.

Од Прилепскиот народен театар сепак се надеваат на подобра театарска 2021 година.

МИА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе