Чешка влегува во копродукција на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“

Филмскиот центар на Чешка ги објави резултатите од конкурсот кој заврши неодамна, a меѓу проектите кои добиваат најголема поддршка на овој повик е и дебитантскиот филм на Георги М. Унковски „Диџеј Ахмет“, во продукција на Синема Футура и Сектор филм од Македонија со локална поддршка на Aналог вижн (Analog Vision) од Чешка.

За проектот комисијата пишува дека се издвојува како еден од највпечатливите проекти на конкурсот со силна и оригинална приказна за едно момче од јуручките села во Македонија. Во сценариото на Унковски се гради еден свет на едноставност, пасторалност, селски живот во кој се судираат генерации на родители и нивните деца кои имаат порив да бидат дел од модерниот свет. Претходно проектот доби две награди за развој на годинешниот Софија Митингс и е во подготвителна фаза на пред продукција, период во кој Георги Унковски учествува на Медитеранскиот филмски институт на нивната работилница за сценарио во Грција. Истовремено е започната и соработка за продукциски развој на проектот преку работилницата YAPIMLAB во Турција под менторство на големата Зејнеп Атакан, добитиничка на наградата Златна Палма на Канскиот филмски фестивал со филмот Winter Sleep (2014).

Диџеј Ахмет е дебитатнски филм на Георги М. Унковски, кој зборува за Ахмет, петнаесетгодишно момче од јуручкото село во Македонија кој се наоѓа на раскрсница во својот живот кога татко му го отпишува од школо очекувајќи од него да преземе повеќе обврски од селскиот живот и да се грижи за неговиот брат Наим. Ахмет чиј сон е да стане дискџокеј доаѓа во судир со конзервативната средина, очекувањата на својот татко и неговиот прв контакт со љубовта.

Георги М. Унковски е автор на повеќе кратки филмови, а неговиот последен филм „Налепница“ имаше своја премиера на Санденс филм фестивал во САД по што беше прикажан на повеќе од 240 фестивали и освои повеќе од 40 награди.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе