„Браќа Манаки“ нема да се одржи на традиционален начин, ама соодветно ќе се одбележи

На последното собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) едногласно е донесена одлука во врска со годинашното издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки" дека нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од „А" категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата.

Како што соопшти ДФРМ, тоа за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодинашното издание на фестивалот „Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор таа да се зачува.

Гена Теодосиевска

На собранието била ре-избрана Гена Теодосиевска за директор на ИФФК „Браќа Манаки“, а мандатот според Статутот на ДФРМ важи за следните две изданија на фестивалот.

„Останува староновиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41. издание на „Браќа Манаки“, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како и можноста за инволвираност на неговиот домаќин во „новото нормално“, градот Битола“, наведуваат од ДФРМ.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе