Скопје Филм Студио

Босанскиот филм „Жаба“ ќе биде прикажан на „Синедејс“

Во рамките на 16. Фестивал на Европски филм „Синедејс“, како дел од програмата „СинеБалкан“, на 15-ти ноември (среда), со почеток во 21 часот, во Кино „Фросина“, ќе се прикаже долгометражниот игран филм „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ, известија од „Скопје Филм Студио“, кои се македонски копродуцент.

Филмот „Жаба“ зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста, за силата потребна за да се надминат пречките кои животот ги поставува и за постигнување среќа во секојдневниот живот со помош на малите нешта.

Сценариото за овој филм го напишаа Пјер Жалица и Елмир Јукуќ, а истото базира на истоимената театарска претстава по текст на Дубравко Михановиќ, која е регионален хит и во текот на изминатите десет години е одиграна над 260 пати.

Улогите во филмот ги толкуваат Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан, Мирсад Тука, Моамер Касумовиќ. „Жаба“ беше премиерно прикажан на реномираниот Интернационален Филмски Фестивал во Сараево и ја освои публиката од над 4.000 гледачи, која му ја посвети својата награда токму на овој филм.

Жирито на 38. Интернационален Фестивал на Филмска Камера „Браќа Манаки“, на кинематограферот на филмот, Дејан Димески му додели една од главните награди во официјалната компетиција - Бронзената Камера 300.

„Жаба“ е копродукција помеѓу „Рефреш Продукција“ од Босна и Херцеговина, „Скопје Филм Студио“ од Македонија, „Пропелер Филм“ од Хрватска и „Ливинг Пикчрс“ од Србија. Филмот беше поддржан од националните фондови на земјите копродуценти и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции Еуримаж.

На проекцијата на филмот во Скопје ќе присуствуваат актерот Емир Хаџихафизбеговиќ, режисерот Елмир Јукиќ, кинематограферот Дејан Димески, продуцентот Томи Салковски и целата македонска екипа која работеше овој филм.

Следното фестивалско прикажување на „Жаба“ е на 15. Филмски Фестивал во Загреб, како филм за затворање на 19-ти ноември.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе