Битола

Благоја Стефановски-Баге добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело

Поранешниот министер за култура, долгогодишен прв човек на битолскиот театар и актер во пензија, Благоја Стефановски-Баге, е годинешниот добитник на највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември" за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.

Благоја Стефановски-Баге е со богата професионална кариера. Во периодот од 1975 до 1980 година бил директор на НУ Народен театар – Битола, а меѓу другите ги вршел и функциите претседател на фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“„ претседател на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на други домашни и меѓународни фестивали и манифестации.

Стефановски вршел и други јавни функции. Во периодот од 1994 до 1998 година година беше пратеник во македонскиот Ппарламент, а во периодот од 2002 до 2006 година беше министер за култура.

Со одлука на општина Битола, годишни награди и признанија на свечена академија ќе им бидат врачени на Васко Михалчев, Ѓорги Лазаревски, Марија Росенгрен, Марија Младеновска-Димитровска, Јасмина Буневска, детската градинката „Мајски цвет“ и на печатницата „Киро Дандаро“, сите од Битола. мт/фф/

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе