Охридско лето

Битолскиот театар со претставата „Бакхи“ вечерва во домот „Григор Прличев“

Драмската програма на „Охридско лето" за вечерва ја нуди театaрска претстава „Бакхи – краток преглед на распадот по Бакхи" од Еврипид, во изведба на Народниот театар од Битола.

Режисерот на поставката Вук Торбица за драмата ќе каже дека од преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание: моќта на раскажување на приказни.

Според него, Бакхите се прапочеток на „мета театарскиот“ текст. Самиот текст претставува длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Студија за тоа во што го препознаваме божественото, истовремено и потсетник дека тоа, „божественото“ доаѓа во облици кои не сме подготвени да ги прифатиме и да ги препознаеме. Но, можеби нај интересното прашање со кое се занимаваме во нашата претстава е: зошто нашиот идентитет, наместо во вредностите кои ги делиме и за кои се бориме, пред се’ е конституиран „со она другото“ – непријателство спрема „надворешниот противник“? Дали на тој начин криеме дека вистинскиот „непријател меѓу нас – сме самите ние?“,дека сме вистински странци себеси и едни на други, односно дека ништо не не саботира повеќе отколку општествените препреки коишто самите си ги наметнавме.

Улогите во претставата ги толкуваат Маја Андоновска – Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, како и хорот во состав Викторија Степановска – Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазиа Христовска.

Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе