Биљана Ќулавковски добитник на европската награда за истражување во полето на културните политики

Во Дижон, Франција, ENCATC - водечката европска мрежа на универзитети за културни политики и менаџмент во култура, која делува меѓународно, ја прогласи д-р Биљана Тануровска Ќулавковски за победник во 2019 година на наградата за истражување во полето на културна политика и културен менаџмент за нејзината докторска теза „Теорија на институции и културни политики за современи изведувачки практики" при Универзитетот за уметности во Белград, Факултет за драмски уметности во Србија.

Нејзиното истражување е оценето како најиновативно, но и од огромно значење за едукацијата во полето на културна политика и културен менаџмент, а истото ќе може да се спроведува низ универзитетите ширум светот, но и во кураторските и управувачките практики во уметноста и културата.

Победничката на Наградата за 2019 година беше објавена на официјалната церемонија за доделување на награди за истражување ENCATC што се одржа за време на 27-от Конгрес ENCATC насловен: „Разновидност и одржливост при работа. Политики и практики од културата и образованието “.

Во својот говор Биљана Тануровска Ќулавковски се заблагодари најпрво до ENCATC 2019 и меѓународното жири на Наградата за истражување, изразувајќи посебна благодарност до својата менторка Милена Драгичевиќ Шешиќ и Министерството за култура на Република Македонија.

На глобалната публика на водечки академици и реномирани истражувачи, креатори на политики, културни оператори и уметници им се придружија претставници од УНЕСКО и француското Министерство за култура, за церемонијата на единствената меѓународна награда која ја признава совршеноста во културната политика и истражувањето на културниот менаџмент.

Членови на меѓународното жири за Наградата за истражување во 2019 година беа Francesca Imperiale (Италија), Jaime Alberto Ruiz Gutiérrez (Колумбија), Elodie Bordat Chauvin (Франција), Anita Kangas(Финска), Jerry C Y Liu (Тајван), Richard Maloney (САД), Alan Salzenstein (САД).

Наградата ENCATC постои со цел стимулирање на академски истражувања од областа на културната политика и менаџментот, за да се истражуваат современите теми и евентуално да се предвидат нови ориентации за културни политики преку компаративно и меѓукултурно истражување.

Присуството на на Биљана Тануровска Ќулавковски во Дижон, Франција беше организирано од Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, поддржано од Министерството за култура на Македонија.

 

 

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе