Анимираниот филм „Една“ на Вук Митевски во официјална конкуренција на фестивалот во Краков

„Една", најновата краткометражна анимација на Вук Митевски, премиерно ќе биде прикажана на 59 Интернационален Краков филмски фестивал. l

Филмот ќе биде прикажан во главната конкуренција за кратки и анимирани филмови и ќе се бори за наградата Сребрен змеј за најдобар анимиран филм, со уште 9 анимации од целиот свет. „Една“  во Краков ќе се прикажува на 28 и 30 мај.

Краков интернационалниот филмски фестивал се вбројува во најдобрите десет фестивали во светот посветени на анимираните филмови, и вброен е помеѓу ретките фестивали кои водат до директна номинација за наградата Оскари во категоријата на кратка анимација.

„Една“ е 11 минутна анимација која беше инспирирана од бегалската криза, каде што Македонија како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Во суштина „Една“ е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни речиси три години за да ја изработи оваа магична анимација.

„Една“ е копродукција помеѓу Македонија и Белгија и е поддржана од македонската Агеција за филм. Продукцијата целосно се одвиваше во Македонија, а постпродукцијата во Германија, каде што беше работен звукот, Франција каде се изработуваше музиката, и Белгија каде се работеше лабараторијата и миксот.

Сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е изработена од Оливие Самујо, звук Емил Клоц, монтажа на Благоја Неделковски и Ванчo Мираковски.

По претходниот голем успех со повеќекратно наградуваната анимација Алерик, ова е четврта анимација на Вук Митевски.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе