Од средината на јануари

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотека

Првите денови од календарската година, Кинотеката традиционално им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите и за нив подготови програма од средината на јануари.

За најмладите гледачи од 13 јануари на пладневни проекции ќе ги прикаже популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична Нова година", „Каламити Џејн" и „Патешествието на принцот". Биби и Боби младите гледачи ќе може да ги гледаат и на попладневни проекции.

Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција – францускиот игран филм „Антоанета во Севените" и италијанските наслови „Брат ми брка диносауруси" и „Стакленото момче". Филмовите ќе имаат вечерни проекции од 19 часот.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе