ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

„Анимакс Скопје Фест“ го отвори повикот за учество на анимирани филмови

Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинашното седмо издание на фестивалот, кое ќе се одржи во декември 2017 во Скопје, Република Македонија.

Право да се пријават на седмото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ имаат сите филмови изработени во која било техника на анимирање, завршени по 01 јануари 2016 година кои претходно не биле пријавени на „Анимакс Скопје Фест“. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории: кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути) и анимирани филмови за деца.

Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 20 септември 2017 година.

Анимацијата е многу важен дел од аудиовизуелната индустрија, која бележи драстични промени од година во година. Околу 15% од вкупниот број на филмови произведени во Европа спаѓаат во жанрот анимација. Целната група на овој фестивал се младите и децата, како идни создавачи и конзуматори на анимацијата како уметност.

„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште „Тинтири-Минтири“ од Скопје, со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и Градот Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.

Наградите кои ги доделува меѓународната жири-комисија на фестивалот се Златна, Сребрена и Бронзена Тула во секоја натпреварувачка категорија.

На минатото шесто издание на „Анимакс Скопје Фест“ се пријавија 1.527 анимирани филмови од 85 земји од светот, известија од „Аурипигмент“.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе