Американската академија за филм ги објави номинациите за Оскар

Американската академија за филмски уметности и науки во Лос Анџелес ги објави номинациите за престижната награда Оскар. Најмногу номинации има независниот научно-фантастичен филм „Everything Everywhere All At Once“ (11), а потоа следат германскиот антивоен спектакл „На запад ништо ново“ и „The Banshees of Inisherin“ на Мартин Мекдона со по девет номинации. Биографскиот филм за кралот на рокенролот „Елвис“ доби осум.номинација и автобиографската драма на Спилберг „The Fabelmans“ (Фејбелменови) со седум номинации. 

Номинирани за најдобар филм:

–  На Запад ништо ново (All Quiet On The Western Front)

– Аватар: Патот на водата (Avatar: The Way Of Water)

– The Banshees of Inisherin

– Елвис (Elvis)

– Everything Everywhere All At Once

– Фејбелменови (The Fabelmans)

– Тар

–  Топ Ган: Маверик (Top Gun: Maverick)

– Триаголник на тагата (Triangle of Sadness)

– Жени зборуваат (Women Talking)

Најдобра режија:

– Мартин Мекдона (The Banshees of Inisherin)

– Даниел Кван и Даниел Шајнерт (Everything Everywhere All At Once)

– Стивен Спилберг (The Fabelmans)

– Тод Филд (Тар)

– Рубен Естлунд (Triangle of Sadness)

Најдобра главна женска улога:

– Кејт Бланшет (Тар)

– Ана де Армас (Blonde)

– Андреа Рајзборо (To Leslie)

– Мишел Вилијамс (The Fabelmans)

– Мишел Јео (Everything Everywhere All At Once)

Најдобра главна машка улога:

– Остин Батлер (Елвис)

– Колин Фарел (The Banshees of Inisherin)

– Брендан Фрејзер (The Whale)

– Пол Мескал (Aftersun)

– Бил Наји (Living)

Најдобра споредна женска улога:

– Анџела Басет (Ваканда засекогаш)

– Хонг Чо (The Whale)

– Кери Кондон (The Banshees of Inisherin)

– Џејми Ли Кертис (Everything Everywhere All At Once)

– Стефани Су (Everything Everywhere All At Once)

Најдобра споредна машка улога:

– Брендан Глисон (The Banshees of Inisherin)

– Брајан Тајри Хенри (Causeway)

– Џад Хиршер (The Fabelmans)

– Бери Кеган (The Banshees of Inisherin),

– Ке Хаи Кван (Everything Everywhere All At Once)

Најдобар странски филм:

– На Запад ништо ново (Германија)

– Аргентина, 1985 година (Аргентина)

– Close (Белгија)

– ЕО (Полска)

– An Cailín Ciúin/The Quiet Girl (Ирска)

Најдобар долгометражен анимиран филм:

– Пинокио на Гиљермо Дел Торо

– Marcel The Shell With Shoes On

– Мачорот во чизми: Последна желба (Puss In Boots: The Last Wish)

– The Sea Beast

– Turning Red

Свеченото доделување на наградите Оскар ќе се одржи годинава на 12 март, во 24 категории.

Наградата претставува позлатена статуетка изработена од британиум на црна метална основа, долга 13,5 инчи (34 сантиметри) и тешка 3,85 килограми. На неа е прикажан арт-деко витез кој држи крстоносечки меч додека стои на ролна филм.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе