Пораки по повод Меѓународниот ден на танцот – 29 април

Александар Хаџиманов: Да се препуштиме на доживувањето!

Танцот датира од почетокот на праисторијата и е наменет да се умилостиват боговите, да подарат подобро време и доволно храна. Грчкиот театар се појавува 500 години п.н.е. со  „Дитираме“ кој се состои од песни и танци. Во Рим, 20 години п.н.е. се прикажуваат пантомимски претстави во соло изведби, кои со помош на музика, костими, маски претставуваат цели трагедии или митови, се вели во македонската порака по повод Меѓународниот ден на Танцот - 29 април, која ја пренесе Александар Хаџиманов, балетски педагог и солист на балетот, МОБ Скопје.

Танцовиот одбор на Македонскиот ИТИ Центар го избра Александар Хаџиманов за автор на македонската порака по повод денот на танцот.

„Понатаму танцот е застапен преку костимирани изведувачи на улици, како и одредени свечености, сценски прилагодени верзии на општествени танци од тоа време, за во втората половина од ХVII век во Париз да биде отворена балетската академија, од кога балетот станува професионална уметност.

Зависно од социјалните, политичките и економските услови, секоја епоха понудува соодветна форма на претставување на уметноста на танцот, кој е во непрекинат развој, на пример, дворскиот балет го карактеризира раскошен костим, симпатичност, достоинствен и одмерен настап. Понатаму на сцената се поставуваат претстави во кои се вклучени содржина и чувства. Романтичниот балет, во кој се игра на врвовите од прстите, истакнува лирска и етерична игра на балерината, а класичното наследство на академскиот балет е застапено до денес. Претставувањето на слободни танци и отстапувањето од класичните форми со појавата на нео-романтизмот ја отвора епохата на модерниот танц кој го отфрла традиционалниот принцип на класичниот балет; открива други облици на движење, прилагодени на современиот живот и ја поттикнува креативноста и чувството на поединецот за сопственото искажување.                                            Инвентивноста и посветеноста понатаму ќе ни донесат уште многу нови нешта во танцот, а нам ни преостанува да се препуштиме на доживувањето; и за крај ќе го цитирам  Жан Жорж Новер: танцот го споредувам со најубавото во природатата“, вели балетскиот педагог Александар Хаџиманов кој е вработен во балетот при Националната опера и балет во Скопје од 1969 година.

Светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот – 29 април 2020

Тоа беше за време на едно интервју направено неодамна; поради кое морав да размислувам длабоко за танцот; што ми значи танцот? Мислев каков одговор да дадам; затоа морав да го разгледам моето животно и професионално патување и сфатив дека се работи за целта и дека секој ден претставува нов предизвик со кој треба да се соочиме; а  јас преку танцот се обидувам да ја согледам таквата смисла за светот, вели Григориј Вујани Макома, танчер, актер, кореограф, танцов едукатор од Јужна Африка во Светската порака по повод Меѓународниот ден на Танцот.

„Поминуваме низ незамисливи трагедии, во време кое најдобро би можел да го опишам како постхумана ера. Повеќе од кога било, треба да танцуваме со цел, да го потсетиме светот дека човештвото сè уште постои. Целта за човечност и емпатијата треба да го совладаат, овој, со години наталожен неопореклив виртуелен пејзаж на расипништво, што не довел до катарзата на универзалната тага - освојувајќи ја тагата, оваа тешка реалност продолжува да го толерира животот кој се соочува со смрт, отфрлање и сиромаштија. Нашиот танц повеќе од кога и да е им даде силен сигнал на светските лидери и на оние на кои им е доверено чувањето и подобрувањето на условите за човечност; дека ние сме војска на бесни мислители, и нашата цел е таа што се стреми да го смени светот истрајно и чекор по чекор кон подобро. Танцот е слобода и преку нашата изградена слобода, ние мора да ги ослободиме другите – заробените  кои се соочуваат со материјални и духовни зандани, во различни страни на светот. Танцот не е политички, тој станува политички затоа што во своите влакна носи човечка врска и затоа реагира на околностите во обидот да го врати човечкото достоинство. Додека танцуваме, со нашите тела, негодувајќи им на неправдите на овој свет, во вселената ние се поврзуваме заедно, стануваме движечка сила од проткаени срца; ние ги допираме душите и овозможуваме исцелување, а тоа е толку многу и очајно потребно. Целта станува единствен хидроглав, непобедлив и неделив танц. Сè што ни треба сега и тука,  е да танцуваме уште, секогаш и бесконечно“, се вели во светската порака.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе