Актерот Салаетин Билал си замина пред да го види својот последен филм, „Дедо и внук“

Беше вистинско задоволство да се работи со еден од доајените на македонскиот филм. Човек од кого може многу да се научи, не само за филмот, туку и за животот воопшто. Вака режисерот Илија Пиперковски се сеќава на деновите поминати при снимањето на неговиот филм „Дедо и внук“, во кој забележителна улога има и Салаетин Билал, големиот актер кој замина пред да го види својот последен филм.

Билал почина по долго боледување, на 76-годишна вораст, на 10-ти мај 2018 година. Зад себе остави наследство од 70 одиграни театарски ролји на македонските професионални сцени, 40 телевизиски и филмски улоги кои ја одбележуваат неговата респектабилна кариера.

Премиерата на филмот „Дедо и внук“ ќе се одржи во петок, на 6-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, по која следува и кино дистрибуција низ целата држава.

Покрај Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе