Aктерот Петар Мирчевски - Пепи добитник на наградата на Битола за животно дело

Доајенот на македонското глумиште, актерот Петар Мирчевски-Пепи е годинашен добитник на највиското признание на Општина Битола, наградата за животно дело „4 Ноември". Одлуката ја донесе Управниот одбор за доделување награди и признанија при Советот на Општина Битола, а ќе биде врачена на свечена академија која традиционално се организира по повод празникот на градот.

Петар Мирчевски-Пепи, актер во НУ Народен театар-Битола одиграл бројни претстави на сцената на матичниот театар, но и на театарски сцени во Европа и светот. Настапувал во домашни и странски филмови, а за публиката незаборавни се неговите улоги на Сирано, Полниј, Пејо, Ангеле, Крсте....и настапите во филмовите „Пред дождот", „Прашина", „Сенки", „Превртено", а минатата година настапи и во долгометражниот игран филм „Мими".

Во својата кариера и за успешните настапи на филмското платно и во театарот, актерот Петар Мирчевски-Пепи е наградуван на фестивалот „Војдан Чернодрински", ја добил наградата Златна маска на фестивалот „Охридско лето", а во 2019 година ја доби и државната награда „11 Октомври".

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе