Aктери од струмичкиот театар се враќаат со награди од фестивал во Враца, Бугарија

Актерката Танкица Стојанова и актерите Горги Трајков и Никола Костадинов од струмичкиот театар „Антон Панов" од Струмица се добитници на награди на 32-то издание на Националниот фестивал на мали театарски форми и 10. Фестивал на Новата европска театарска акција што од 16 до 21 мај се одржа во Враца, Бугарија.

Фестивалското жири наградата на Стојанова и ја додели за улогата на Ева во претставата „Умри машки" од Алдо Николај" во режија на Кире Ѓоргиев во продукција на струмичкиот театар.

Младите актери Ѓорги Трајков и Никола Костадинов добија специјална награда за нивните ролји во истоимената претстава.

Големата награда Благој Стефановски, востановена по основачот на НЕТА фестивалот и поранешен долгогодишен директор на битолскиот театар и министер за култура, ја освои актерот Огњан Симеонов за ликот на Порфириј Петрович во „Злосторство и казна" од Фјодор Достоевски, во режија на Дамјан Тенев, во продукција на Драмски куклен театар од Враца. 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе