ФИЛМСКА НАГРАДА

„Ах, љубов моја“ ја доби наградата за најдобар игран филм на „ФерФилм Фестивал“

На петтото издание на Интернационалниот филмски фестивал „ФерФилм“ во Феризај (Урошевац), Косово, кој што се одржа од 02 до 06 септември 2017, наградата за Најдобар игран филм ја доби „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и продукција на „Авард Филм и Видео“.

Режисерот Коле Ангеловски ја прими наградата на ФерФилм Фестивал

Покрај него уште два македонски филма добија награди. Имено за најдобар краток филм беше прогласен „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимска, а наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Кружно патување на Марето“ на Жарко Ивановски.

Инаку, по премиерата на Скопскиот филмски фестивал, филмската комедија „Ах, љубов моја“ беше прикажан и на „Балкан Филм анд Фуд Фестивал“, во Поградец, Албанија, како и на Фестивалот на медитерански и европски филм во Требиње, Босна и Херцеговина.

Во наредниот период филмот ќе биде прикажан и на Македонскиот филмски фестивал во Канада и Македонскиот филмски фестивал во Австралија, известија продуцентите на филмот.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе