Агенцијата за филм потпиша неколку договори за регионална и европска соработка

Директорот на Агенцијата за филм на Македонија Горјан Тозија и директорката на Бугарскиот филмски центар Жана Караиванова денеска во Кан го усогласија и го потпишаа текстот што ќе биде основа за да се потпише и да стапи во сила Договорот за копродукција на аудиовизуелни дела и меѓусебна соработка меѓу двете земји на полето на филмската уметност.

На потпишувањето присуствуваа филмски продуценти и режисери од двете земји, кои, како што наведува агенцијата, долго време ја очекуваа оваа спогодба за да можат да ја олеснат и да ја продлабочат соработката.

Пред три дена, на 13 мај, во рамки на Канскиот филмски фестивал, Агенцијата за филм потпиша договор за соработка и со филмската институција од Косово со Арбен Зарку, а почна и разговори за потпишување на договорот со Мишел Плазанет од  Centre national du cinema (CNC).

Остварени се и контакти со „Телефилм Канада“ со кои исто така ќе се верификува соработката меѓу двете кинематографи.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе