вторник, 16 април 2024

50 поротници одбија да бидат дел од историското судење на Трамп

Судијата во случајот за поткуп на Доналд Трамп во понеделникот разреши десетици потенцијални поротници кои рекоа дека не можат непристрасно да одлучат дали поранешниот американкси претседател е виновен или невин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На првиот ден од историското судење на поранешниот претседател, судијата Хуан Мерчан им рече на 100 потенцијални поротници дека мора да ги остават настрана сите предрасуди или лични ставови за обвинетиот или случајот, вклучувајќи ја и „политичката ориентација“.

Најмалку 50 беа отпуштени откако рекоа дека не можат да бидат непристрасни во судењето на републиканскиот претседателски кандидат. Судењето го напуштија и оние кои рекоа дека не можат да ја извршуваат таа должност од други причини.

„Едноставно не можев“, се слушна како вели еден потенцијален поротник пред судницата.

Адвокатите на двете страни ќе се обидат да изберат дванаесет поротници и шест заменици во веројатно единствениот кривичен случај со кој се соочува Трамп пред изборите на 5 ноември.

Изборот на поротата меѓу луѓето од крајно демократскиот Менхетен може да потрае неколку дена, по што ќе следуваат воведни изјави и сведочења на сведоци.

Мерчан рече дека за да го осудат, поротниците мора да утврдат дека Трамп е виновен „вон секаков сомнеж“, а не дека е „веројатно“ виновен.

Пресудата за вина нема да го спречи Трамп да биде претседател, но половина од независните гласачи и секој четврти републиканец велат дека нема да гласаат за него доколку биде осуден, покажаа анкетите на Ројтерс и Ипсос.

Трамп во понеделникот беше на суд во Менхетен. Бизнисменот, кој стана политичар и беше претседател од 2017 до 2021 година, ги искористи минатите судски настапи за да ги собере своите поддржувачи и да тврди дека е прогонуван од политички непријатели.

Њујоршките државни обвинители го обвинуваат за фалсификување документи за да ја прикрие исплатата од 130.000 долари кон крајот на претседателската кампања во 2016 година за да купи молк од порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната кратка афера во 2006 година, за која таа тврди дека се случила, а Трамп негира.

Меѓу сведоците ќе бидат Даниелс и поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кој сведочеше дека ѝ дал пари на Даниелс. Трамп исто така планира да сведочи.

Трамп се изјасни за невин и тврди дека е прогонуван од политички причини.

Иако некои правни експерти сметаат дека судењето е најмалку важно од четирите кривични постапки кои се водат против Трамп, тој е единствениот што ќе се одржи пред претседателските избори на 5 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ