Агенцијата за филм најавува дека резултатите од конкурсот ќе ги објави кон крајот на јули

„Нов филмски бран" е новиот слоган на Агенцијата за фил што подразбира дека ќе се поддржуваат млади, талентирани филмаџии и ќе се залага за поцврсто мапирање во европската кинематографија поради квалитетот и стандардот на кој се инсистира.

Годинава поради кризата со ковид-19, конкурсот на Агенцијата за филм се стави во мирување за време на прогласената вонредна состојба, но со враќањето во новата нормала, процесот продолжува. Според Законот за општата управна постапка, роковите престануваат да течат за време на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на истата за онолку денови колку што преостанале.
Резултатите од конкурсот за финансирање на производство на долгометражен и краткометражен, игран, документарен и анимиран филм за 2020 ќе бидат објавени кон крајот на месец јули. Исто така, Агенцијата во соработка со Друштвото на филмски работници подготви протокол за снимање филм во време на ковид-19, кој е доставен до Комисијата за заразни болести и се чека на одобрување.
Агенцијата за филм издаде и отчет за потрошениот буџет во 2019 „Факти и Бројки".
„Она на што сме посебни горди е и статистиката во последните години во однос на дебитанти режисери, дебитанти продуценти и зголеменото учество на жени режисери и продуценти. Последните 8 проекти кои се или во завршна фаза или пред премиера, дури 6 од нив отпаѓаат на дебитанти режисери и продуценти", изјави Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.
После историскиот успех на македонската кинематографија во 2019 со „Медена земја" (Тамара Котевска и Љубомир Стефанов), но и „Господ постои нејзиното име е Петрунија" (Теона Митевска), македонските филмови освоија повеќе од 60 награди, 2020 е година кога повторно сме на Санденс со „Налепница" на Филип Унковски, „Снежана на крајот умирa" на Кристијан Ристевски ќе биде прикажан во рамките на фестивалот во Карлови Вари, а на е-павилјонот на Канскиот фестивал Македонија ќе презентира 8 играни филмови.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе