Агенцијата за филм ќе плати 13.000 евра за анализи на хрватски режисер против кого се водела истрага

Хрвоје Хрибар, хрватски режисер од Агенцијата за филм на Македонија ќе добие 13.305,23 евра хонорар за неговите анализи за состојбата на македонската филмска индустрија. Хрибар, како претседател на Хрватскиот аудиовизуелен центар (ХАВЦ), заедно со уште неколку лица беше осомничен за злоупоттреба на положбата и овластувањата.

На 13 мај Горјан Тозија, директорот на Агенцијата за филм на Македонија потпиша авторски договор со Хрибар. Во договорот пишува дека од 6 мај до 1 октомври годинава Хрибар треба да изготви анализа на состојбата во македонската филмска индустрија во насока на подготовка на новиот предлог закон за филмска индустрија усогласен според европската регулација. Од анализата треба да произлезат натамошните чекори за унапредување на филмската индустрија во Македонија и учество на Македонија во програмите на ЕУ и другите релевантни меѓународни организации. Според договорот, 40% од договорениот хонорар би требало веќе да е исплатен, вториот дел од 40% ќе биде исплатен при предавање на анализите и 20 % по конечната реализација на договорот, на 1 октомври 2019 година.

Во истиот овој период, хрватските медиуми се преполни со написи за тоа како „мистериозното  здружение кое како коров изникна надвор од вообичаените културни канали и има непресушен извор на пари со кои самостојно располага без да дава отчет никому, одамна се знае по филмските кругови“. Хрибар беше претседател на ХАВЦ, здружение кое добива пари од државата и од комерцијалните телевизии и телеком операторите, пари кои потоа се делат за правење филмови и останати активности поврзани со кинематографијата. Хрибар тука се јавува во двојна улога - и како директор на ХАВЦ и како претседател на комисијата за доделување на парите со кои располага Друшвото на филмските режисери на Хрватска.

Хрвоје Хрибар

Според последните вести од Хрватска, токму од 13 мај, кога е и потпишан договорот на Агенцијата за филм на Македонија со Хрибар, државното обвинителство ги отфрли пријавите против поранешниот директор на ХАВЦ и уште 18 лица кои во последните 18 месеци беа поднесени од Здружение на бранителите и страдалниците. Сепак државната ревизија за работата и на ХАВЦ и на здружението на хрватските филмски режисери укажа на бројни финансиски пропусти во работата на овие асоцијации.

А во ревизорскиот извештај за работата на Агенцијата за филм на Македонија во 2017 година се вели дека биле исплаќани пари за незавршени филмови и со нецелосни банкарски гаранции.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија за сметката на основниот буџет пишува дека биле ангажирани 5 надворешни соработници без да биде склучен договор со што би биле уредени обврските и правата на двете договорни страни. Истата година не е поднесено ниту едно барање до Министерството за кулутра за добивање согласност за вработување.

Во ревизијата е нотирано и дека во согласност со Законот за филмска дејност, филмскиот продуцент пред склучување на договорот во соодветен рок треба да достави банкарска гаранција во висина од 25% од износот на средства кои ги исплаќа Агенцијата. Според наодите, на продуцентите им било овозможено динамиката на исплата на средства за филмот да соодветствува со банкарската гаранција, односно банкарската гаранција да ја доставуваат на рати според фазите на исплата на средства од Агенцијата.

Ревизорите констатирале дека иако е утврдена точна динамика за реализација на филмовите, сепак, кај два долгометражни и еден документарен филм продуцентите не се придржувале кон утврдената динамика. Филмовите кои требало да бидат заврешни до крајот на 2017 година, според доставената документација, сè уште биле во фаза на постпродукција.

„Кај два долгометражни филмски проекти изврешна е исплата на 90% од одобрениот износ на реализација на проектите, при што на ревизијата не ѝ беше презентиран доказ дека продуцентот ја има доставено финалната верзија на филмот за одобрување на најавната и одјавната шпица со јасно истакнато име и лого на Агенцијата…“, пишува во ревизорскиот извештај.

Во ревизијата пишува дека кај два долгометражни филмови исплатени се 100% од одобрениот износ иако во моментот на исплатата кај едниот филм не е изготвен извештај за наменски доделените средства и не е предадена финална копија од филмот во Кинотеката на Македонија. „Финалната копија е предадена два месеца по извршената исплата, а конечен извештај до денот на ревизијата не е изготвен“.

Одговорноста за ревизорскиот извештај како што е наведено, е на поранешната директорка Мими Ѓорѓоска-Илиевска и на директорот Горјан Тозија.

А.Д.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе