Агенцијата за филм ги откажува сите состаноци, комуникација само електронски и телефонски

Агенцијата за филм воведува дополнителни мерки за заштита од вирусот ковид-19. Како што соопшти, од денеска до завршувањето на ограничувањата што ги препорачаа Владата и Министерството за здравство согласно СЗО, ги откажува сите состаноци, а странките се замолуваат целата своја документација да ја доставуваат по електронски пат на arhiva@filmagency.gov.mk.

„Целата документација што ќе биде доставена во Архива, да биде скенирана или сликана, да биде видливо и читко и документот ќе се смета за уредно доставен и истиот ќе биде заверен во деловодната книга, а ќе има кратка потврда за примениот документ“, препорачува Агенцијата.

Директорот и вработените остануваат достапни на фиксниот телефон 02 3 224 100, како и на службените електронски адреси info@filmagency.gov.mk и contact@filmagency.gov.mk, но и на мобилните телефонски броеви и меил адреси кои ги има на веб страницата на Агенцијата.

„Мерките кои ги донесуваме се за претпазливост и со нив придонесуваме кон јавното здравје и општествената одговорност. Во натамошното работење ќе се раководиме од мерките и препораките што ќе ги донесуваат Министерството за здравство и Владата“, наведува Агенцијата.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе