Агенцијата за филм ги објави проектите за кои ќе потроши 1,1 милион евра

Косара Митиќ и Марјан Гавриловски ќе дебитираат со долгометражни играни филмови финансирани од Агенцијата за филм. Ова се дел од резултатите на првиот конкурс за 2021 година на Агенцијата за филм која со 71,4 милиони денари ќе поддржи играни, документарни и анимирани филмови.

Финансиска поддршка ќе добијат шест краткометражни играни филмови, три краткометражни документарни филмови и два краткометражни анимирани филмови.

За филмот „19“ Митиќ доби 23 милиони денари (околу 345.000 евра) во продукција на „Црна мачка“. Гавриловски за „Мравките владеат со светот“ во продукција на „Тајм лапс“ доби 15 милиони денари (околу 244.000 евра). Освен овие проекти, на овој конкурс не е поддржан ниту еден друг долгометражен игран филм со македонски мнозински удел.

Поддржани се и два долгометражни документарци, на Мерита Сали и Никола Калајџиски, како и 11 краткометражни играни филмови од кои 6 играни, 3 документарни и 2 анимирани.

Со вкупно 11,5 милиони денари (околу 187.000 евра) поддржани се 4 проекти во кои Македoнија е малцински копродуцент, на режисерите Дино Мустафиќ, Гојко Беркуљан, Плутон Власи и Арчинда Морина.

„На конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм во прв рок на одлучување аплицираа вкупно 53 проекти, од кои 36 долгометражни (играни, документарни и анимирани) и 17 краткометражни играни, документарни и анимирани. Вкупниот буџет за поддршка на овие проекти изнесува 71,4 милиони денари (околу 1,1 милиони евра). Резултатите се од конкурсот објавен во март годинава (прв рок на одлучување), додека по донесена одлука од страна на Филмскиот совет, продолжен е крајниот датум за пријава по вториот Конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм до 31 август“, соопшти Агенцијата за филм.

Управниот одбор на Агенцијата за филм одлучи да финансира и два проекти во делот на категорија долгометражен документарен филм.

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски изрази задоволство што по првпат нашиот мнозински македонски краток филм „Северен пол“ имал премиера на Канскиот филмски фестивал.

„Задоволството да се биде дел од тој фестивал е огромно, и ми беше чест и задоволство што работев и бев присутен со делот од тимот на самиот фестивал. Државата во моментов е присутна на сите меѓународни најзначајни европски фестивали и ќе издвојам една реплика употребена од нашите соседи и од европската кинематографија, која вели дека во моментов македонската продукција е рамо до рамо со европската кинематографија и можеме да се носиме со сите предизвици во моментов и во наредниот период“, рече Лазаревски.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе