Aгенцијата за филм додели по 23,5 милиони денари за филмовите „ДЈ Ахмет“ на Унковски и „Потстанар“ на Ѓоковиќ

Филмовите „ДЈ Ахмет“ на режисерот Ѓорги Унковски во продукција на „Футура синема“ и „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ во продукција на „Сектор филм“ од Агенцијата за филм се финансирани со по 23,5 милиони денари. Се работи за долгометражни играни филмови со македонски мнозински удел.

Исто така поддршка добија и три долгометражни филма со македонски малцински удел и исто толку долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел, но и девет краткометражни играни филмови. За овие проекти вкупно се издвоени 75,7 милиони денари.

Резултатите се од конкурсот објавен во август минатата година, кој беше пролонгиран поради тоа што Агенцијата немаше прв човек. Инаку, на овој последен конкурс аплицираа вкупно 51 проект, од кои 33 долгометражни (играни, документарни и анимирани) и 18 краткометражни (играни, документарни и анимирани).

На овој конкурс се одлучуваше и за поддршка на домашните филмските фестивали, а ќе бидат реализирани 20 фестивали меѓу кои се: ИФФК „Браќа Манаки“, „ЕХО Фестивал на планински филм“, „Синедејс“, „ОДА Тетова итернатионал филм фестивал“, „Филозофски филмски фестивал“, „47 Државен фестивал на непрофесионален филм“, „Џифони Македонија“, „Македокс“, „Златно тркало“ и други.

„Агенцијата за филм на РСМ ја продолжува стратегијата за поддршка на млади автори чии проекти имаат потенцијал за успешна промоција на фестивалите. Двата долгометражни филмови се разликуваат жанровски и се надеваме дека авторите ќе покажат препознатлив режисерски јазик“, вели директорот Бојан Лазаревски.

До крајот на месецов завршува рокот за аплицирање на мартовскиот конкурс за поддршка на проекти.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе