Реакција на ПР-агенција од името на Министерство за култура

Агенција за филм: Нема конфликт на интереси, ДКСК ќе ја стопира истрагата, следуваат кривични пријави против три портали

Инспекцискиот надзор на Министерството за култура што постапуваше по пријавите од страна на Милчо Манчевски, за наводен конфликт на интереси во Агенцијата за филм, како и нејзиниот директор Горјан Тозија, заврши со заклучокот дека пријавите се неосновани. Државниот управен инспекторат ќе даде предлог Државната комисија за спречување корупција да ја стопира истрагата.

Ова го пишува во соопштението што попладнево го испрати „Навигаторс“, ПР-агенцијата на Агенцијата за филм. Соопштението е без потпис, но е на заеднички меморандум на Агенцијата за филм и на Министерството за култура.

Во соопштението се вели дека написите во македонските медиуми sdk.mk, mkd.mk, radiomof.mk, „кои во континуитет го дискредитираат угледот на Агенцијата за филм како и на рецензентите Ана Василевска, Бранко Петровски, без да проверат пишуваат дека има класичен конфликт на интереси, а сега на увид ја имаат одлуката на инспекторите“.

„Врз основа на утврдената фактичка состојба при вонредниот инспекциски надзор, не е констатирано дека од страна на пријавените лица Бранко Петровски (во својство на член на Филмскиот совет и финансиски советник), и Ана Василевска (во својство на член на Филмскиот совет и рецензент), е сторена повреда на одредбата од членот 54 од Законот за филмската дејност, односно не е утврдено нивно учество на конкурсите на Агенцијата за филм со свои проекти. Во меѓувреме согласно со член 22 став (2) од Законот за филмската дејност, на 10.7.2020 година од страна на в.д. директорот на Агенцијата за филм се именувани нови членови на Филмскиот совет, на место на горенаведените лица. Оттука, имајќи ја предвид утврдената фактичка состојба при вонредниот инспекциски, надзор инспекторот ја запира постапката во согласност со член 83 став (5) од Законот за инспекциски надзор, а примерок од Записникот се доставува на увид и надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Сл. весник на РМ“ бр. 12/2019), а во врска со членот 32 од Законот за филмската дејност.”

Финансискиот советник и членот на Филмски совет, Бранко Петровски, како и рецензентот и членот на Филмскиот совет Ана Василевска за кои претходно е утврдено дека за нивната работа и обврска кон Агенцијата за филм не постојат конфликт на интереси, доброволно отстапија од Филмскиот совет со цел конкурсот да биде завршен без најмало сомневање кон неговата исправност, како што тој и беше реализиран.

Со ова утврдување на Инспекцискиот надзор се докажува исправноста на работата на Агенцијата за филм, како и за работата на нејзиниот директор Горјан Тозија, а од друга страна се става под сомневање целиот обид од страна на институциите за дискредитирање на неговата работа по барањето од Милчо Манчевски до Министерството за култура и ДКСК.

Инспекторите меѓу другото ги отфрлаат сите останати точки по пријавата на Милчо Манчевски, а се однесуваат на ангажманите на новинарката и филмска критичарка Ана Василевска.

Агенцијата за филм секако ќе преземе сè што е во домен на правото и ќе поднесе кривични пријави до гореспоменатите медиуми. Истите случаи и наслови се веќе пријавени во Советот за етика во медиумите, а предлагаме ЗНМ да ја преиспита веродостојноста на насловите во кои ја клеветат Агенцијата за филм, директорот Горјан Тозија, како и членовите на Филмскиот совет, финансискиот советник и рецензент за кои во континуитет пишуваат непроверени информации без консултации од другата страна“, се вели во соопштението.

Добиениот и-мејл од ПР агенцијата е проследен и со забелешката потпишана од Снежана Нена Гиевска од „Навигаторс“ која вели дека „сите медиуми кои објавуваа и протежираа невистини дека има конфликт на интереси во Агенцијата за филм и пласираа непроверени информации, се должни јавно да се извинат и да ја објават оваа информација која мора да стои исто толку време колку што стоеа нивните објави со дезинформации. Сето ова е согласно со кодексот за етика и професионалност според правилникот и кодексот на ЗНМ, во спротевно ќе бидат пријавени“.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе