„Нивното соопштение околу логото не го менува фактот и не смее да ја потисне суштината, а тоа е: информацијата дека во Агенцијата за филм е утврдено дека нема конфликт на интереси по извршениот инспекциски надзор на Министерството за култура. Ви благодариме за вашето внимание и се надеваме дека конечно во јавноста ќе одекне вистината која се базира на документ, односно доказ, за правилно информирање на јавноста за работата на Агенцијата за филм“, се вели во соопштението.