Голем јубилеј со големо име за отворањето

40-то издание на „Браќа Манаки” го отвора „Болка и слава” на Алмодовар

Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки" оваа година се одржува по јубилеен 40-ти пат, а ќе го отвори новиот филм на култниот шпанскиот режисер Педро Алмодовар, кој својата премиера ја имаше на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал.

И оваа година, како и изминатите, Халкбанк со големо задоволство го поддржува фестивалот „Браќа Манаки”.

„Халкбанк со особена чест и задоволство го помага одржувањето на најпознатиот и воедно најпрестижниот филмски фестивал во нашата земја. Низ годините на овој фестивал се појавиле големи имиња од светската кинематографија и секако оваа година нема да биде исклучок. Горди сме што сме дел од истиот и понатаму ќе се трудиме да бидеме поддржувачи на развојот на културата и културните настани во земјава”, велат од Халкбанк.

Организаторите објавија дека веќе е готова селекцијата на филмови кои ќе се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300 и додадоа дека во годинешната селекција се вклучени повеќе филмови со експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите.

Познат е и составот на стручното жири Едвард Лакман од Соединетите Американски Држави, претседател Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Македонија.

Отворањето на 40-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки” е закажано на 14-ти септември, традиционално во Битола.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе