Во Измир, Турција

11-то издание на фестивалот за кратки филмови „Балканс бијонд бордерс – Контраст“

Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува македонските млади режисери да ги пријават своите филмови на 11-то издание на фестивалот за кратки филмови Balkans Beyond Border, кој ќе биде одржан во Измир, Турција на тема contrUst: It is U who makes the difference.

Oд 2010, фестивалот се има одржано во 10 градови (Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад и повторно Атина), со програма од над 380 Балкански и над 200 небалкански филмови.

Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм изнесува илјада евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар прв филм, специјални признанија и награда од публиката. Рокот за пријавување е продолжен до 15. јуни оваа година.

Повеќе информации за условите и начинот на пријавување на линкот на фестивалот.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе