Театар и филм

Час и половина чекаше тајванската публиката во 20-метарска редица за автограм од режисерот Милчо Манчевски во Тајпеј, Тајван на еден од најголемите филмски фестивали во Азија, Златен коњ (Golden Horse), каде премиерно се прикажува филмот „Врба“.

15 Ноември 2019 - 11:46

Двајца актери вчера попладне биле приведени во полициска станица Гостивар по пријава дека ги попречувале активностите на гостиварскиот театар. Актерите сметаат дека се неправедно отстранети од претставата и за тоа не добиле образложение.

13 Ноември 2019 - 16:25

Скопје танцовиот театар вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќер ја изведе претставата „Импулс#волумен14“ во кореографија на Рисима Рисимкин, Дејан Битровски и кореографот од Прага Шимон Кубан.

11 Ноември 2019 - 11:07

Документарецот „Медена земја" (Honeyland) во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди", кои ги доделува „Европската филмска академија". Денеска (9 ноември) во Севиља, Шпанија беше соопштено дека македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата - најдобар европски документарец за 2019 година.

09 Ноември 2019 - 14:43

Откако филмот „Врба" во режија на Милчо Манчевски, кој за една недела ги собори рекордите со над 11.000 гледаност низ земјава, филмот продолжува да го освојува и азискиот дел од светот. Азиската премиера ќе биде на 13 ноември во Тајпеј, Тајван, на еден од најголемите филмски фестивали во Азија.

09 Ноември 2019 - 11:10

Актерот Диме Илиев од Драмскиот театар-Скопје кој од неодамна е во пензија, годинава е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко" што ја доделува општина Велес.

08 Ноември 2019 - 07:18

Агенцијата за филм соопшти дека филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска е номиниран за наградата Лукс, што ја доделува Европскиот парламент.

07 Ноември 2019 - 14:46

Режисерот Милчо Манчевски вели не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, туку важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути. Седнати на столче чекајќи го „Врба", ретко кој може да претпостави дека буди толку многу емоции.

07 Ноември 2019 - 14:05

Премиерата на македонскиот филм „Ефектот на среќа" во режија на Борјан Зафировски, урбана драма за универзалната потрага по среќа и смислата на животот, вечер од 20 часот во кино „Милениум" ќе го отвори 18. Фестивал на европски филм „Синедејс".

07 Ноември 2019 - 08:03

Во Македонскиот народен театар вечер од 18 часот ќе биде изведена премиерата „Аудиенција“ од Вацлав Хавел во режија на Сибел Абдиу, во рамки на одбележувањето 30 години од Кадифената револуција.

06 Ноември 2019 - 10:19

Тетовскиот театар во соработка со Факултетот за уметност на Универзитетот во Тетово вечер од 19 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Приказна од зоолошката градина“ по текст на американскиот драматург Едвард Олби во режија на Гент Чајани.

06 Ноември 2019 - 10:04

НУ Народен театар Битола ја почна втората театарска турнеја во НР Кина на која до 18 ноември ќе гостува на неколку театарски сцени во Шангај и Пекинг.

06 Ноември 2019 - 08:45

Премиерата на играниот филм „Ефектот на среќа" (The Happiness Effect) на македонскиот режисер Борјан Зафировски ќе се одржи во четврток (7 ноември) во кино „Милениум" во Скопје. Со ова остварување ќе биде отворено годинешното издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс".

05 Ноември 2019 - 16:06

Документарниот филм „Џезмен“ на режисерот Аљоша Симјановски вечер ќе биде прикажан во кино „Одеон“ во Софија, а утревечер  и во Домот на киното во Пловдив. „Џезмен“ е проект – документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува новинарот Велибор Педевски.

05 Ноември 2019 - 09:19

По три сезони емитувани пред македонската публика, серијата „Преспав“ ќе се прикажува и на бугарска национална телевизија БТВ.

01 Ноември 2019 - 14:19

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе