„Тајните архиви на Скопје“ вечер во Кинотека по повод 13 Ноември

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, „Вардар филм“ вечер од 18 часот во Кинотеката ќе го промовира проектот „Тајните архиви на Скопје“ со проекција на филмски колаж од стари снимки од домашните архиви на жителите на главниот град. 

Целта на проектот е да ги зачува и афирмира материјалното, духовното и културното наследство на град Скопје преку архивирање и дигитализација на стари филмски ленти (8-милиметри и супер 8-милиметри) снимени од граѓани како аматерски материјал. Дигитализацијата на филмовите што ќе се прикажат е направена во Кинотеката. 

„Бидејќи осуммилиметарските проектори денес се музејски ескпонати и ретко кој умее да направи проекција на филмска лента со соодветен проектор за нејзиниот формат, овие снимки од дамнешното минато, историски, а сепак интимни и семејни, неповратно ќе исчезнат, ќе се заборават. Затоа треба да се дигитализираат, да се преснимаат и конвертираат во дигитален формат, за да останат достапни за новите генерации и новите технологии“, соопшти Кинотеката.

Реализацијата на овој проект почна по пат на јавен повик од „Вардар филм“, по што пристигнатите 8-милиметарски ленти беа дигитализирани, па со монтажа на слика и звук е изработен колаж од снимки што ќе бидат прикажани вечер. Идејата била да не се влијае дополнително на материјалите, да не се врши измена во монтажата, туку да се прикажат во реално светло – монтирани и режирани од самите творци и протагонисти децении наназад.

Проектот го реализираа Катерина Габунија, проект-координатор, Александар Трајковски – дигитална обработка, Сашко Потер Мицевски – тон-мајстор и Дарко Ристевски – наратор.

Организаторите на проекцијата наведуваат дека колажот „Тајните архиви на Скопје“ е емотивна филмска приказна за градот и неговите жители, раскажана низ четири годишни времиња преку снимките направени и забележани од обични граѓани.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе