Прес-конференција

Стефоска: Во буџетот за идната година има за 10 милиони евра пари повеќе за културата

„Предлог-буџетот за културата за 2022 година изнесува 3.855.548.000 денари или 62.692.000 евра. Тоа е за речиси 10 милиони евра повеќе од буџетот со кој располагавме оваа година", рече министерката за култура, Ирена Стефоска на денешната прес-конференција, на која го презентираше предлог-буџетот на Министерството за култура за наредната година. „За поддршка на проектите од Национален интерес во културата се издвоени над 17 милиони евра, што е за над 1,5 милиони евра повеќе од годинава", нагласи министерката.

Министерката Стефоска информираше дека во фокусот на буџетот на наредната година се и капиталните инвестиции и санации во културата во висина од близу 10 милиони евра, средства наменети за:

- втората фаза од изградбата на Турскиот театар во Скопје,
- реализација на следната фаза од изградбата на Театар и библиотека во Тетово,
- завршни работи на Театарот во Струмица,
- втора фаза од реконструкцијата на Театарот во Куманово,
- втора фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Кочани,
- втора фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Гостивар,
- реконструкција и санација на покривот на Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски во Скопје, како и за други проекти кои ќе бидат одобрени во годишната програма од областа на инвестициите за 2022 година наменети за објектите во кои се сместени културните установи.

Воедно министерката за култура на прес-конференцијата потврди дека заштитата на културното наследство и натаму останува врвен приоритет на Министерството за култура, а во фокусот за наредната година остануваат и зајакнувањето на ЕУ интеграциите во културата и грижата кон младите уметници

„Буџетот на Министерството и на Управата за заштита на културното наследство е близу 194 милиони денари или 3.200.000 евра. За програмата Културно наследство во опасност, која ја поставивме за прв пат во буџетот за оваа година, останува истата висина на средствата од 12 милиони денари. Приоритет и натаму е како материјалното, така и нематеријалното културно наследство, а за блок дотациите кон општините предвидени се скоро 6 милиони евра", истакна министерката за култура.

Културата во вкупниот буџет на државата учествува со 1.49 %, што според Стефоска не е доволно, но е одговорно однесување кон народните пари во време на здравствена и на економска криза.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе