Поради пандемијата нереализирани дел од проектите од национален интерес

Стефоска: се прави анализа кој од корисниците ќе треба да врати пари

Министерството за култура изготвува анализа во врска со проектите од национален интерес кои беа прифатени, а дел не се реализирани поради пандемијата, која ќе покаже кои поединци или институции ќе треба назад да вратат дел од парите, а каде евентуално е потребно да се дополнат средствата согласно склучените договори.

Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција информираше дека дел од минатогодишните проекти од конкурсите за национален интерес во културата не се реализрани, посочувајчи дека во текот на последните две недели ги работат пресеците и анализите на реализираните, односно нереализираните проекти, и на средствата што им биле доделени како на националните установи, така и на другите корисници.

„Уште пред две недели побаравме конкретни и точни податоци што е досега реализирано и што реално може до крајот на годината да биде реализирано. Притоа, веќе пристигнуваат информациите, немаме точна бројка, но гледаме дека дел од проектите што можеле да бидат реализирани на отворено се реализирани, но се разбира дека дел од проектите не можеле да бидат реализирани на тој начин, рече Стефоска.

Во врска со исплатата рече дека се чека да се заврши анализата за да се види каде е потребно да се дополнат средствата согласно склучените договори, а каде не, како и тоа кои корисници и институции ќе треба да ги вратат парите назад бидејќи реално нема да имаат можност до крајот на годината да ги реализираат проектите, нагласи министерката за култура.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе