Стефоска вели дека имала разговор со мандатарот и за прашањето зошто е важна културата и додава дека е негово правото кого поставува на министерски функции. Нагласила дека е треба да се вложува во луѓе.
„Луѓето се нашиот најголем ресурс во една мала земја. Толку колку што вредат луѓето толку вредат институциите. Без силни институции, нема држава, институции во кои владее право, процедури. Мора прво да се среди куќата која ги сервисира сите културни работници и институции, Министерството е капата, изјави Стефоска во гостувањето на интернет емисијата „Утрински брифинг“.
Министерката нагласи дека културата е клучен ресурс и за внатрешните работи во земјата таа е исклучително важна, но и како извозен продукт на мала земја која има со што да се гордее.