Спомен биста на сликарот Никола Мартиноски во Букурешт

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денес во Букурешт, во името на Владата на Македонија, ја откри спомен бистата на реномираниот македонски сликар, Никола Мартиноски. 

Во својот говор пред бројните претставници на Владата на Романија, градот Букурешт, дипломатскиот кор и претставниците на македонската заедница во оваа држава, министерот Адеми зборуваше за ликот и делото на Мартиноски и неговиот придонес за развојот на македонската модерна ликовна уметност во 20 век.  

„Откривањето на бистата се случува три дена по 8 декември, Денот на македонскиот јазик во Романија, кој, благодарение на истрајноста на македонската дијаспора во оваа земја и одлуката на романскиот Парламент, претставува значаен датум за зачувување на традициите, културата и јазикот на македонското етничко малцинство во Романија“, рече Адеми. 

Овој проект, според Адеми, дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу двете култури, македонската и романската, и показател е за одличните односи меѓу двете земји. 

„Нашиот голем сликар и академик Мартиноски ни создаде дела кои ни го осветлуваат минатото, светол пример ни е во сегашноста, но и го осветлува патоказот кон иднината. Тој и припаѓа на првата генерација на македонски академски уметници. Школуван е во Националната школа за убави уметности во Букурешт, далечната 1927 година, а со враќањето од Букурешт и Париз, еден е од основачите и прв директор на Училиштето за применета уметност во Скопје, на Уметничката галерија во македонскиот главен град (од која подоцна ќе никне Националната галерија на Македонија) и еден од основачите на Македонската академија на науките и уметностите“, изјавил меѓу другото Адеми.

Мартиноски студирал во Букурешт, а бистата е поставена во познатиот парк Михаел Први, заедно со спомениците на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката и други реномирани личности на човечкото наследство.

 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе