Министерство за култура

Соопштени добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година во областа на воспитанието и образованието му се доделува на универзитетскиот професор Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф, соопшти Министерството за култура.

Одлуката ја донесе Одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик  Газанфер Бајрам. Наградата на годинашните добитници ќе им биде врачена в среда, 8 декември 2021, во 12 часот во Собранието.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе