Пандемијата ги одложи активностите

Со задоцнување од три месеци почнаа археолошките истражувања во Стоби

Поради пандемијата со задоцнување од три месеци, НУ „Стоби“ на 1 јули почна со програмските активности од годинашните археолошки  истражувања на локалитетот Стоби. Ќе се доистражува Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида, а ќе има конзервација и доистражувања на Римскиот театар во Стоби.

Директорот на НУ „Стоби“ Спасе Перовски за МИА изјавил дека станува збор за проекти одобрени во програмата за 2020 на Министерството за култура. Се работи  проектот „Изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од Римската порта и сегмент од југоисточен бедем“. Истовремено има и археолошки доистражувања на Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида“, а проектот го раководи археологот Јован Радњански.

„Интересно е што таму досега никогаш не било ископувано и затоа очекуваме интересни наоди и научни заклучоци во врска со функционирањето на градот“, вели Перовски.

Тој најави дека потоа ќе работат на сцената на театарот, а  ќе се прави и нова рампа за влез на товарни возила во близина на сцената и од каде директно се слегува во делот на театарот.

Директорот на НУ „Стоби“ планира  сите програмски активности предвидени за годинава во Стоби  и поддржани од Министерството за култура во рамки на матичните дејности во целост да бидат реализирани до крајот на годинава.

Тој информира дека поради кризата предизвикана од Ковид-19, НУ Стоби донела одлука да врати во државниот  буџет 980 илјади  денари, пари  кои им  беа доделени од Министерството  за култура за два проекта – „Ретроспективна изложба на Петар Хаџи Бошков“ во визуелни уметности архитектура и дизајн за која беше доделен буџет од 800 илјади  денари и „Римскиот театар во Стоби: Студија за кавеата 2000-2019. Едиција: Студии за старините на Стоби, серија монографии книга II“, Гоце Павловски, во  издавачка дејност, 180 илјади денари.

„Заинтересираноста на луѓето за Стоби, посветената работа, духот на тимот вработени и времено ангажирани, дава за право сите ние да се увериме дека поседуваме локалитет кој е рамо до рамо со светските археолошки локалитети, паркови и музеи од оваа област“, рече Перовски и додаде дека Националната установа за управување со Археолошкиот локалитет Стоби ниту во време на кризата поради вирусот не престанала со активности за популаризација и презентација на Стоби. Во овие услови посебно била активна  веб-платформата и социјалните мрежи и дека интересот бил уште поголем.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе