Со омаж за Данило Коцевски почнуваат „Деновите на европско Скопје“

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Годинашната програма, како што соопштија организаторите, во малку поразлични услови од претходните, ќе започне денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје Данило Коцевски.

Одломки од богатото творештво на Данило Коцевски ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Владимир Лукаш и Владимир Мартиновски.

„Данило Коцевски има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Пишувал драми, од кои неколку се изведени и наградени. Сепак неговот име се поврзува како хроничар на градот Скопје. Коцевски беше автор на серијалот текстови „Скопски легенди“ во „Нова Македонија“, во кои беа објавени бројни приказни поврзани со историјата на Скопје, а во 2017 година Дирекцијата за култура и уметност со истиот наслов издаде книга која е една од трите изданија на Дирекцијата посветени на творештвото на Коцевски заедно со „Го сакам Скопје“ издадена во 2000 година и „Магијата на Скопје“ издадена во 1997 година“, се наведува во соопштението.

Тој е добитник на престижни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, а негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии.

На 5 ноември во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ученици од основните и средните училишта ќе настапат со свои литературни творби по повод празникот на градот Скопје. Книжевно-поетското дружење ќе се одвива на европски и на балкански јазици со почеток во 12 часот.

Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“, Дирекцијата за култура  и уметност во соработка со Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје, на 20 ноември годинава, ќе доделат награди за најдобрите три авторски текстови изработени од новинарите и од студентите по новинарство во рамки на конкурсот „Мостовите на Скопје“.

Ќе се одржи и работилница насловена „Мостовите на Скопје“ со учениците од  ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ под менторство на Љупчо Илиевски – фотограф, со додела награди за најдобрите три фотографии.

Предвидена е и работилница „Мостовите на Скопје“ со учениците од средните училишта во Скопје, каде ментор ќе биде Александар Кондев – фотограф, вклучувајќи и додела награди за најдобрите три фотографии. Наградите ги доделува Градот Скопје.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе