Со јапонски грант ќе се купуваат инструменти, озвучување и осветлување за Националната опера и балет

Со грант од 663.000 евра Јапонија ќе го помогне подобрувањето на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Националната опера и балет. 

Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, претставник на Владата на Јапонија и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, претставник на Владата денеска потпишаа Грант помош за култура за „Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Националната опера и балет“. На свеченоста, како што соопшти Јапонската амбасада, присуствувал и министерот за култура Хисни Исмаили.

Грант договорот го потпишаа Џиро Такеичи, извршен директор на Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА Балкан и Васо Ристов, директор на Националната опера и балет.

„Ова е втор проект за поддршка за музички инструменти по донацијата во 2001 година за Филхармонијата. Задоволство ми е што тој проект успешно придонесе во општеството. Посакуваме и новиот грант за НОБ да го подобри квалитетот на изведбите и очекуваме дека ќе ги зајакне нејзините активности особено во едукацијата и градењето капацитети за младите во Северна Македонија”, истакна амбасадорката Ханеда.

Вицепремиерот Османи, кој е и национален координатор за странска помош, истакна дека Јапонија е конзистентна во поддршката и помага во разни области уште во првите години од осамостојувањето. Тој посочи и на многу проекти и донации во здравството додека бил министер во тој ресор.

„Билатералната помош од Јапонија се разликува од која било друга билатерална помош затоа што е брза, ефикасна, флексибилна и совршено таргетирана. Тоа се проекти што се многу важни и кои даваат конкретни резултати – реновирање болници, училишта, проекти во локалната самоуправа. Овојпат е културата како една од најубавите делчиња во соработката помеѓу нашите земји”, рече Османи.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе