„Слобода?!“ - заедничка изложба на македонски и бугарски уметници во Ловеч

Во организација на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија и Уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“ за прв пат во градот Ловеч вечер ќе биде претставен проектот „Поврзување“ и изложбата „Слобода?!“ на 15 современи македонски и бугарски ликовни уметници која е дел од него.

Целта на проектот, поддржан од македонското Министерство за култура е да бидат претставени новосоздадени ликовни дела на современите уметници, како и да се поврзат ликовните сцени од двете земји.

Во составот на изложбата се делата на уметниците од неформалната група Конекција, кои се од Македонија, но живеат и работат во Софија: Перица Георгиев – Пепси (Скопје), Марјана Иванова (Виница), Зоран Мише (Охрид), Иво Пецов (Виница), Павел Целкоски (Охрид) и Марјан Ѕингаров (Струмица).

Тука се делата и на ликовните уметници и професори од факултетите за ликовна уметност во Македонија: Беди Ибрахим (Скопје, ФЛУ), Јован Шумковски (Скопје, ФЛУ), Катерина Деспот (Штип, УГД) и Срѓан Микиќ (Скопје, IBU).

Со своите македонски колеги изложуваат и бугарските ликовни уметници и професори од Националната ликовна академија во Софија: Георги Јанков, Нина Русева, Свилен Стефанов и Васил Колев. Свое учество има и уметницата Марија Алексиева од Бургас.

Во изложбата најзастапени се сликарските дела, а плакатната уметност е претставена со делата на двајца од авторите. Од вкупно 40 дела кои ја составуваат изложбата 3 се фотографии од концептуални дела на македонскиот уметник Јован Шумковски, кои сами по себе претставуваат посебна ликовна единица.

Оваа групна изложба претходно имаше своја успешна премиера во Созопол.

 

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе