Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките за заштита од ковид-19 внесуваме енергија во сивото секојдневие и монолитноста која ја предизвика планетарната криза. Овој есенски самит ќе го реализираме онлајн, а алатките ќе бидат инспирација за создавање на органско искуство на сите учесници.
Затоа ја повикуваме јавноста да ни се приклучи на овој меѓународен настан преку следење во живо на светски и домашни експерти, а учесниците бесплатно може да се регистрираат.
Скопје фото вик (Skopje Photo Week) објавува конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол“.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.
Предвидена е и специјална награда за најдобра Инста фотка од 10.000 денари објавена на хаштагот #SPW2020. Фотографиите мора да се направени во 2020 година, со камера на вашиот мобилен телефон. Фотографии без мета дата нема да влезат во изборот.